Студенти го блокираа Правниот факултет во Белград

Околу 25о студенти денеска ја блокираа работата на Правниот факултет во Белград, незадоволни од начинот на бодување на испите, но и поради решението сите оние студенти кои се запишале до 2006 година, да мора да дипломираат до крајот на оваа година, јавуваат српските медиуми.

По неколкучасовниот протест и блокада, деканот на факултетот повика дел од студентите на разговор, додека останатите се договараат дел од нив да останат да спијат на факултетот за да ја одржат блокадата.

Со оглед на тоа што Управата не ги исполни нашите барања, во 15 часот почнавме блокада, велат студентите од Правен.

Основна причина за одржување на овој протест е укинувањето на октомврискиот вонреден испитен рок, поскапувањето на финансиските оптоварувања онаму каде што е можно, менување на системот на упис во текот на школувањето со помош на што Факултетот денес остварува енормни приходи, неспоредливи со било кој друг факултет во земјава.   Се она за што изминатите години се бореа студентите, а што требаше да биде потврдено со усвојување на законските измени и дополнувања за високото образование, токму на Правниот факултет не се испочитувани“, објавија студентите од Белград.