Берлин ќе им плаќа на младите за да одат во диско

Локалните власти во Берлин ќе им доделуваат на младите од 18 до 23 години „младинска картичка за култура“ за да ја потрошат во диско, јавува „DazedDigital“.

Локалите ширум Европа се на удар од поскапувањата. Со зголемените цени за кирија и генерално, трошоците за живеење, голем број од легендарните локали ги затвораат своите врати засекогаш, оставајќи ги градските мапи празни.

За да се спречи ваквиот тек на настаните, берлинскиот Сенат за култура ја воведе „младинската картичка за култура“, со цел младите да земат поактивно учество во културните настани во градот.

Картичката, која има ограничен буџет од педесет евра, може да се искористи за влез во клубовите во Берлин. Сепак, таа не мора да се користи само за во диско – со неа можат да се покријат и посетите во музеи, опера и  кино.

„Целта на картичката е да ги запознае младите со културните можности на градот, по рестрикциите од минатите години“, изјавил Клаус Ледерер, заменик градоначалник и сенатор за култура.