Балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам во Национална опера и балет

Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 15 април, со почеток во 20 часот.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставата е  Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата на Алберт ќе настапи првенецот Васил Чичиашвили (Грузија), во улогата на Мирта: Ивана Коцевска, Хиларион: Игор Веланоски , селско па де де: Христина Наќевска и Ендру Кук (Англија).

Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Организаторите посочуваат дека настанот ќе се одржи според протоколите за КОВИД-19. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест. Задолжително е носење на заштитна маска.