Балетска претстава „Жизел“ од Адолф Адам во НОБ

Романтичниот балет во два чина, „Жизел“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 2 март, четврток,  со почеток во 20 часот.

„Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, е во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски“, велат од НОБ.

Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, а сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски,  додека светло дизајнот е на Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата на Алберт ќе настап Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Мирта се појавува Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион Бобан Ковачевски.

На балетската изведба ќе настапат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.