Астални проекции по 21 пат утре во Менада

Последните Астални проекции пред летната пауза ќе се одржат утре во клубот Менада, со почеток во 20 часот.

Притоа учесниците ќе читаат поезија во три круга, а сезоната ќе ја затворат Снежана Стојчевска, Живко Грозданоски, Лара Миховиловиќ, Даниел Карески, Евгенија Станкоска, Кервин Вилијамсон Човече, Јана Мартулкова, Томазо де Каталдо, Мона Јовческа, Александар Панајотов, Марина Стојановска, Викторија Ангеловска.

АСТАЛНИ ПРОЕКЦИИ – ДРУЖБА, ПОЕЗИЈА И СЛОБОДА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Асталните проекци се одржуваат еднаш месечнно, а  ова е нивно 21 издание. За музиката на настанот се задолжени ВИС „Тркалезна маса“.