Арканзас е првата држава во САД која забрани терапија за транс млади

Арканзас стана првата држава во САД која ја криминализираше терапијата и операцијата за транс младите, откако законодавците  издејствуваа против ветото на гувернерката за воведување на забраната, пренесува „Гардијан“.

Државната гувернерка Аса Хатчинсон стави вето на предлог законот поради реакции од педијатрите, социјалните работници и родителите на транс младите, според кои новата мерка ќе и штети на заедницата која веќе се наоѓа под ризик од депресија и самоубиство. Новата мерка беше отфрлена и од неколку медицински групи, но и групи за младинска благосостојба, како и Академијата на педијатри.

Сепак, сенатот во кои преовладуваат републиканци го отфрлија ветото на Хатчинсон.

Со новиот закон, им се забранува на докторите да препишуваат хормонска терапија, пубертетски блокатори и да изведуваат операции на деца под 18 години, но исто така и да ги пренасочуваат кон доктори кои може да им ја препишат терапијата. Ваквата терапија е постепен процес кој наголемо го подобрува менталното здравје кај младите и може да спаси животи, велат експертите.

Противниците на новиот закон истакнале дека ќе го тужат законодавството кое го вовело законот ова лето.

„Ваквиот закон ги дозволува работите кои знаеме дека се штетни за транс младината. Тие не се само анти-транс. Тие се анти-наука. Тие се анти-јавно здравје“, истакнал докторот Роберт Гарофало, шеф на детската клиника во Чикаго.

Републиканскиот претставник ги отфрлил ваквите критики и ја споредил забраната со забрана за купување на алкохол од страна на малолетници.

„Тие треба да бидат полнолетни пред да носат такви одлуки“, истакнал републиканскиот претставник Робин Лундструм.

Гувернерката Хатчинсон изјавила дека новиот закон се меша со одлуките на родителите и докторите и забележала дека ќе бидат скратени и средствата за транс младината кои веќе започнале со терапија.

„Се надевав дека моето вето ќе ги вразуми моите републикански колеги и ќе престанеме да ја мешаме државата во секоја одлука напревена од страна на родителите и медицинските професионалци“, додала таа по гласањето.

Новиот закон ќе стапи на сила кон крајот на јули, а противниците на законот истакнале дека планираат да ја спречат мерката пред нејзината имплементација.