Априлски отворени предавања во Планетариум

Секој петок и сабота МКЦ организира отворени предавања во Планетариум. Предавањата се одржуваат во два термини и во петоците и во саботите, а истите ќе ги држат предавачитe Моника Пешевска и Радан Митровиќ.

Распоредот е следен:
Петок: 18:00
Сабота: 18:00 и 20:00 – предавања за најмладите вљубеници во небото и небесните тела и феномени (од 5-10 годишна возраст);
Петок: 20:00 предавања за сета останата публика.

Билетите можат да се набават на билетарницата во МКЦ по цена од 150 денари. Планетариумот е во состав на МКЦ и неговиот влез е од страната на реката Вардар.

Предавањата се организираат во согласност со препишаните протоколи за заштита од Ковид 19.