„Апокалиптика“ во Скопје за отворањето на „Таксират“

За отворањето на 26. издание на „Таксират“, „Пасворд Продукција“ го најави симфонискиот метал бенд „Апокалиптика“.

Составот во рамките на својата светска турнеја „Apocalyptica Plays Metallica Vol.2 Tour 2024“ ќе настапи на 29 ноември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

„Спојувајќи ја класичната музика со хеви метал како никој досега, бендот за кратко време стана светска атракција. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на ‘Металика’, момците од ‘Апокалиптика’ докажаа дека универзалниот јазик на одлична музика не познава жанровски ограничувања, а резултатот на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот“, објаснуваат организаторите.

Од таму известуваат дека влезниците ќе бидат пуштени во продажба од овој петок од 10 часот, а преку продажната мрежа на „MkTickets“.