Анализа: Внатрешен долг од 443,5 милиони евра

Не запира трендот на пораст на “внатрешниот долг“.  Доспеаните а неплатени обврски на институциите на централно и на локално ниво, на јавните претпријатија, општините, државните фирми, на крајот од првото економско полугодие изнесува над 443,5 милиони евра, пишува Порталб.мк. Долгот на Јавното здравство се приближува до 100 милиони евра – со пораст и на квартално ниво и во однос на лани. Долгот по основ на неплатени комуналии, греење, транспорт надмина 120 милиони евра.

Државните фирми и ЈП најголеми должници

Здравството, јавните претпријатија и општинските ЈП,  државните фирми, за три месеци ги зголемиле долговите. На крајот од јуни, според новите податоци од Министерството за финансии вкупниот внатрешен долг достигна 443,5 милиони евра и во однос на првиот квартал е зголемен за скоро 2,2 милиони евра. На прво место со доспеани а неплатени обврски во износ од речиси 164 милиони евра се Јавните претпријатија и државните фирми, на второ место се Јавните здравствени установи со долг од 95,4 милиони евра а на трето место се општинските Јавни претпријатија со должнички износ од 80,3 милиони евра.

                       Доспеани а неплатени обврски ( прво економско полугодие)

ЈП и државни фирми                                  163 861 570 евра

Јавни здравствени установи                         95 397 470 евра

Општински ЈП                                                  80 359 100 евра

Општини                                                            59 571 390 евра

Во споредба со состојбата на крајот на декември 2022, или само за шест месеци, вкупниот внатрешен долг е зголемен за 25 милиони евра. Податоците покажуваат дека дури 228 милиони евра е долг кон јавниот сектор а 193 милиони евра кон приватен сектор, невладини организации и здруженија.

Споредбената анализа на квартално ниво покажува дека драматично се зголемени долговите за комуналии, греење, транспорт. На крајот од вториот квартал доспеаните а неплатени обврски по овој основ надминале 120 милиони евра, што е за скоро 42,2 милиони евра повеќе во однос на состојбата во првиот квартал. Позначајно зголемување има на долгот по основ на договорни услуги, за три месеци е зголемен за скоро 6 милиони евра

                             Доспеани а неплатени обврски ( јуни 2023)

Комуналии, греење, транспорт                                 120 810 000 евра

Материјали и ситен инвентар                                     78 822 500 евра

Други тековни расходи                                                  61 441 300 евра

Договорни услуги                                                            50 037 340 евра

На новата должничка листа со највисок износ на доспеани а неплатени обврски со МЖ Транспорт со 64,9 милиони евра, МЖ Инфраструктура со пријавени неплатени обврски во износ од скоро 34,4 милиони евра, ЕСМ Дистрибуција со долг од 27,6 милиони евра, на четврто место е ЈУ од областа на здравството ( заедничка служба за снабдување на здравствените установи) со долг во износ од 21 милион евра а на петто место е Општа болница Кичево со доспеани а неплатени обврски во износ од 19,1 милион евра.

Долгови на јавното здравство

Токму јавното здравство е еден од државните сектори кои за три месеци го зголеми долгот.  Во однос на декември лани, или за шест месеци Јавното здравство го зголемило долгот за речиси 11 милиони евра,

                                      Јавни здравствени установи

Јуни 2023                              95 397 470 евра

Март 2023                             91 344 130 евра

Декември 2022                    84 673 200 евра

Освен Општа Болница Кичево која котира високо според висината на долгот, на листата во 30 те “најзадолжени“ се: Клиниката за трауматологија и Ургентен центар со доспеани а неплатени обврски во износ од 5 милиони евра, Општа болница Куманово со 3,4 милион евра, Универзитетска клиника за гинекологија со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 3 милиони евра а овој износ го должат и ГОБ 8 ми Септември, Клиниката за торакална хирургија и Институтот за трансфузиологија.  На нова должничка листа се наоѓаат болниците од речиси сите градови во земјава. Долгови повисоки од 2 милиони евра пријавиле скоро сите скопски клиники – за хематологија, неврологија, дигестивна хирургија, кардиологија како и Институт за белодробни заболувања Козле. Во следното продолжение на Анализа, “Порталб“ ќе објави податоци за најзадолжените општини и јавни претпријатија.

Извор: Порталб.мк