Анализа: (Не) транспарентност – 677 жалби против “молкот“ на институциите

Притисокот за транспарентност и отчетност на државните институции расте, се зголемува и свесноста на граѓаните, новинарите, граѓанските институции дека имаат право да побараат информација од “јавен карактер“.  Институциите најчесто  “не сакаат“ за зборуваат за јавни набавки, за вработувања, за трошење на народните пари, за користење на државни канцеларии, пишува „Порталб“. Пред пратениците во Собранието е Годишниот извештај за работата на Агецијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер – клучна институција која е задолжена за доследно следење на имплемнтација на законските решенија во овој сегмент, но одлучува и по жалбите доставени против институциите кои “молчат“.

411 жалби против здравствени организации – испратени од една адреса 

Здравствени организации, судство, државни институции, јавни пртпријатија, општини –  против сите овие инстанци се адресирани жалби поради непостапување во законски рок – да се обезбеди информација од јавен карактер, како што тоа го дозволува и овозможува законската регулатива.  Дури 90% од доставените жалби до Комисијата се однесуваат на “молк“ на институциите, односно на имателите на информација.

“Во текот на 2019 година до Комисијата беа доставени 755 жалби против управни и реални акти на првостепените органи, или против молк од страна на имателите на информации. Дури 677 од вкупниот број жалби се поднесени поради молчење на управата“ – се наведува во новиот Годишен извештај.

                                         Број на жалби

Правни лица, здр.на граѓани и фондации                             621

Физички лица                                                                                 124

Најголем дел од жалбите, или 411 се поднесени против здравствените интитуции и тоа од страна на едно исто здржение на граѓани, а потоа следуваат 130 жалби против државни институции.

„Интересно е дека најголемиот број од жалбите 411 се поднесени против здравствени организации и тоа од страна на исто здружение на граѓани, во рамки на спроведување на негови проектни активности. За обележување е дека сите 411 поднесени жалби во текот на месец јули се од страна на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ-Скопје, што претставува повеќе од половина од вкупно поднесените жалби во 2019 година“ – се нотира во годишниот извештај во која се објаснува дека сите овие податоци упатуваат на фактот за непостапување на имателите на информации по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер во законски предвидениот рок.

                                         Поднесени жалби

Здравствени организации                                              411

Државни институции                                                       130

Општини                                                                              97

Јавни претпријатија                                                         43

судската власт                                                                    38

правни/физички лица со јавни овластување          20

образовни институции                                                    14

                                                                 извор : Годишен извештај на Агенција

Во 2019 та година во споредба со 2018 та година бројот на жалби е зголемен за нови 133.  Иако биле спроведени работилници, односно обуки со службените лица кај имателите на информации (институциите)  тоа не дало, како што се наведува во извештајот  “соодветен ефект“  во отстранување на најчестата причина за поднесување на жалби до Комисијата – молкот на управата.

Најчесто, институциите демонстрираат нетранспарентност за трошење на парите на граѓаните, за вработувањата, за јавните набавки, па дури и за биографиите на челеновите на управните и надозрните одбори.

Еве ја листата на прашања на кои тешко се давало одговор:

– евиденции и извештаи за спроведени јавни набавки, годишни планови за јавни набавки

– информации за добиени и потрошени буџетски средства по програми кои третираат конкретни заболувања

– биографии на членови на надзорни и управни одбори и висина на нивните надоместоци

– информации за огласи и постапки за вработување

– копии од потребни докази во судски постапки

– документација за легализација на објекти

– документи за сопственост на работните простории на општините

– бизнис планови за поддршка на самовработувањето и претприемништвото

Најмногу информации дури 4 054 биле побарани од државните инститции,  981 барање за информација од јавен карактер биле доставени до Собранието додека до општинските власти биле иницирани 1.999 барања. До имателите од судската власт биле упатени 845 барања, јавните препријатија и установи нотирале 509 барања, образовните институции во сите степени архивирале 353 барања, а до здравствените установи биле адресирани 896 барања.

Според евиденцијата на Комисијата регистрирани се вкупно 1 257 иматели на информации. Од нив 83,2% доставиле Годишен извештај за примена на законот додека останатите 16,7 % не ја исполниле оваа обврска. Комисијата фунционира веќе 15 години, сега како Агенција за за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер,  и се смета како значајна “карика“ во системот на зајакнување на транспарентноста и отчетноста за работата на државните институции.

Извор: Порталб