Анализа: „Локални изборни буџети“ – приходи и расходи на општините

Од четири анализирани општини во земјава, Општина Кичево е со највисока наплата на од данок на доход, 33% во однос на планот. Највисока наплата на данок на имот, од 43,5% има пак Општина Гостивар додека најниска Општина Арачиново. Првите три месеци од годинава кое беа изборно “обоени“ се одразија врз општинските буџети. “Порталб“ преку приходните и расходните носечки буџетски ставки ги анализира финансиите на општините Арачиново, Гостивар, Дебар и Кичево.

Најмногу пари се трошат за плати, придонеси, други градежни објекти

Општина Арачиново од данок на доход во првиот изборен квартал од годинава наплатила нецели 12 % од данок доход и нешто повеќе од 19% од данок на имот, или само околу 25 100 евра. По основ на наплата на такси и надоместоци за три месеци нема никаков буџетски прилив. На расходната страна највисоки ставки се платите во износ од 329 000 евра и “други градежни објекти“ со износ од 312 700 евра. За “купување возила“ потрошени се 13 800 евра а нешто пониска сума, за само три месеци, е платена за комунални сметки, греење, комуникации. Буџетскиот трошок за “договорни услуги“ изнесувал 33 200 евра. Наплатата на приходите во однос на годишниот план изнесува 28,3% а на расходите 22,6%.

Данок на доход Данок на имот

Општина Арачиново 11,9% 19,3%

Општина Гостивар 28,6% 43,5%

Општина Дебар 22,3% 31,3%

Општина Кичево 32,7% 33,1%

Општина Гостивар од данок на доход за три месеци наплатила скоро 28,6% а од данок на имот реализирана е позначајна стапка, наплатени се 43,5% од вкупната сума планирана за цела 2024 та година или износ од 671 850 евра. Само за плати во првите три месеци оваа општина исплатила 2,9 милиони евра а втора најтрошковна ставка се придонесите за социјално осигурување во износ од 1,1 милион евра. По основ на “други градежни објекти“ исплатени се скоро 505 000 евра а комунални сметки, комуникации, греење, потрошени се 123 800 евра. “Договорните услуги“ во првите три месеци од годинава оваа општина ја чинеле скоро 108 000 евра. Во првиот квартал вкупните буџетски приходи на Општина Гостивар биле на ниво од 24,2% а расходите 23,4% во однос на годишниот план.

Реализација на буџет ( прв квартал)

Приходи Расходи

Општина Арачиново 28,3% 22,6%

Општина Гостивар 24,2% 23,4%

Општина Дебар 25,2% 24,8%

Општина Кичево 22,1% 21,5%

Наплатата на данок на доход во првото тромесечје во касата на Општина Дебар изнесувала 22,3% додека данокот на имот во однос на годишниот план е реализиран со 31,3% или износ од 50 900 евра. На расходната страна за исплата на плати во првите три месеци биле потрошени речиси 870 000 евра и уште 340 000 за социјални придонеси. Позначајна трошковна ставка од 213 100 евра е “други градежни работи“. По основ на сметки за комунални услуги, греење, комуникации, во првиот квартал е платен износ од 75 600 евра а за “договори услуги“ 27 500 евра. Реализацијата на вкупните буџетски приходи на општина Дебар во првиот квартал изнесувала 25,2% а на буџетските расходи 24,8%.

Општина Кичево во првите три месеци од предизборието по основ на данок на доход наплатила 32,7% а реализацијата на данокот на имот во однос на планот изнесувала 33,1% или износ од скоро 256 000 евра. Највисока трошковна ставка на оваа општина се основните плати во износ од 2 милиони евра и уште речиси 782 000 евра за придонеси за социјално осигурување. Преку ставката “разни трансфери“, која е втора по висина на износот, се исплатени 362 650 евра. За подмирување на комуналните сметки само за три месеци биле исплатени скоро 154 600 евра а за “договорни услуги“ 117 000 евра. Вкупните тримесечни приходи во однос на планот се реализирани со стапка од 22,1% а расходите со 21,1%.

Во вториот дел на “Анализа“, од Порталб најавуваат дека ќе се опфатат буџетите на Град Скопје и општините Струга, Тетово, Чаир и Сарај.