Анализа: 31 Октомври – ден на штедење, 51% од депозитите во земјава се во домашна валута, банките во „лов“ на штедачи

По втор пат годинава вкупните депозити со негативен тренд. На крајот на третиот квартал регистриран е пад од 0,2%. Граѓаните и корпоративниот сектор во банките чува 8,2 милијарди евра. Со затегнување на монетарната политика е регистриран раст на каматите за штедење откако се зголемија каматите за кредитите, пишува Порталб.мк.  Каква е состојбата со штедењето во земјава во пресрет на 31 ви октомври-светскиот ден на штедењето?

На крајот на септември “пад“ на штедењето …

“За рочност од 13 месеци, за 30 000 денари промотивна камата од 3,5%. За истиот период и истиот износ во евра камата од 2,3%“

“За депозити во денари со рочност од 3 години и минимален износ од 2 500 евра камата од 3,5%“

Ова се само дел од понудите на банките во октомври – месецот на штедењето. Забележливо е дека се нудат генерално повисоки камати во споредба со минатата година, но сега со акцент на каматите за штедење во денари. Додека банкарите се обидуваат да привлечат депозити, новите податоци за штедењето покажуваат дека третиот квартал од годинава завршил со негативен предзнак кај штедењето, пад од 0,2%. Компаративните податоци на НБМ покажуваат дека годинава по втор пат се регистрира „топење“ на депозитите, во првиот квартал -0,9% а во вториот раст од 1,2%.

На крајот од септември вкупната депозитна база изнесувала нешто над 8,3 милијарди евра. Од нив 2,4 милијарди евра се пари на корпоративниот сектор а 5,4 милијарди евра се депозити на домаќинствата.

                                                     Депозити ( во евра)

                                                               септември 2023                       јуни 2023

Корпоративен сектор                        2 451 363 636                      2 484 918 831

Домаќинства                                        5 425 510 530                      5 385 064 935

Вкупно                                                   8 286 461 000                       8 301 574 675

Извор НБМ

Вкупните штедни влогови во третиот квартал се намалени за околу 15 милиони евра и падот е регистриран кај депозитите на корпоративниот сектор односно на фирмите. На крајот на третиот квартал во споредба со вториот депозитите на фирмите се намалени за околу 33,5 милиони евра или – 1,4% при што негативен тренд има и кај денарското и девизното штедење на фирмите.

Денарски и девизни штедни влогови ..

Кај компаниите доминира штедењето во денари а кај домаќинствата во девизи. Споредбената анализа на „Порталб“ направена врз основа на  податоците од НБМ покажува неколку интересни трендови и состојби.

Така, 51% од вкупните штедни влогови се во денари а останатите 49% се во странска валута, со доминација на еврото.

                                                  Вкупни депозити

                            Денарски депозити              4 231 087 666

                            Девизни депозити                3 654 448 051

Во однос на валутната состојба на крајот на минатата година, во третиот квартал има раст кај денарското штедење.

                                        Валутна структура на депозити (во евра)

                                                      Денарско штедење                 Девизно штедење

Фирми                                              1 617 353 900                           834 009 740

Домаќинства                                  2 613 733 766                         2 820 438 311

Со повеќекратното затегнување на монетарната политика со цел да се амортизира инфлацијата, односно да се одржи стабилноста на курсот на домашната валута, банките ги зголемија каматите на кредитите што предизвика и раст на каматите за депозитите. Според последните достапни информации во август просечната камата на вкупните депозити изнесувала 1,55% додека истиот месец лани 0,69%.

                                      Камати за депозити

                                             Август 2022                              Август 2023

Вкупни депозити                   0,69%                                           1,55%

Новопримени депозити      0,92%                                            2,17%

Пред почетокот на „инфлаторното цунами’ каматите за депозитите се спуштија на многу ниско ниво. Податоците покажуваат дека од август 2020 та до февруари 2023 каматата на вкупните кредити беше под 1%.

Извор: Порталб.мк