Александар Котевски е новиот в.д. директор на Македонска филхармонија

Виолончелистот Александар Котевски е новиот в.д. директор на Македонска филхармонија.

„Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева која изминатите неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата“, информираат од Филхармонија.

Оттаму истакнуваат дека Котевски е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот од 2015 година. Во периодот од 2011 до 2014 година тој работел како Уметнички директор на Македонската Опера, со која во 2013 година ја организирал и реализирал турнеја во Индонезија.

Исто така, Котевски бил редовен член на оркестарот на Музичка младина на Македонија, Камерниот оркестар на Филхармонија, Меѓународниот оркестар во Сараево и Дубровничкиот Симфониски оркестар.