Александар и неговото куче Бен спречени да се качат во автобус на ЈСП

Јавното сообраќајно претпријатие неодамна донесе одлука со која на лицата со попреченост им се дозволува да ги користат нивните услуги со своето куче-придружник, денеска на Александар Велески и неговото куче Бен не им било дозволено да се качат во автобус на ЈСП.

„Функционира ли нешто во државата, ЈСП, 7-ца не ме пуштија со Бен“, се пожали Александар на својот фејсбук профил.

Од ЈСП соопштија дека за случајот дознале преку Фејсбук и дека веднаш го побарале Александар, но се уште не стапиле во контакт со него.

„Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола. Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран“, велат од ЈСП.

Ова не е првпат Александар да доживее ваква случка. Неодамна тој беше спречен со неговото куче да се качи на жичницата на Водно. Токму овој настан го поттикна претпријатието да донесе одлука со која на лицата со попреченост, ќе им биде дозволено да ги користат услугите со своето куче-придружник, со цел во иднина да се избегнат вакви ситуации и апелираа да се следи нивниот пример.

Радио МОФ веќе истражуваше на оваа тема, за тоа со кои проблеми се соочуваат лицата со попреченост и недостигот на Центар за обучување на кучиња придружници.

Нема центар за обука на кучиња-придружници за да им помагаат на лицата со попреченост

Мартин Колоски