Активистите на „Дуња“ повикаа на хуманост и солидарност – организираат акција во дворот на центарот

Во сабота, во социјалниот центар Дуња ќе се одржи хуманитарна акција за донирање на храна, облека, средства за хигиена, училишен прибор, или парични средства за оние кои најмногу се погодени од кризата предизвикана од Ковид-19.

„Во услови на зголемена невработеност и поскапување и на основните артикли за исхрана, многу луѓе останаа да висат на работ на егзистенцијата. Наша задача е да бидеме солидарни и да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Во дворчето ќе ве пречекаат нашите волонтери со ракавици и маска, ваша работа е само на кратко да им предадете она што ќе го донесете“, информираат од „Дуња“.

Донациите подоцна ќе бидат предадени во најголем дел на социјални случаи, останатото ќе може да си земе оној кој има потреба, велат од центарот.