Акција на „Ways2Help“ за донирање конзервирана храна за социјално зарозени семејства

„Ways2Help“ деновиве спроведува акција за собирање конзервирана храна за сиромашни семејства за поддршка на соработниците од „Вистински Дела на љубезност“.

„Може да купите конзерви храна, онолку колку што сте во можност и да ги донесете во четврток и петок, 9-10 јули од 18-20 часот на збирното место на Бродот на среќата (првиот брод до Holiday Inn). Наши волонтери ќе бидат таму и ќе ве пречекаат“, соопштуваат од Ways2Help.

Од платформата претходно рекоа дека најмногу се радуваат кога гледаат вистински дела, од срце.

„Овој повик е за храна која не се расипува, бидејќи некои семејства немаат ни струја, па кој колку е во можност нека донесе. Се’ што сакаме е да израдуваме некое детенце и семејство со храна“, рекоа од Ways2Help.

Ways2Help е платформа преку која организации ќе можат да им помогнат на зарозените од кризата. Платформата е победник на овогодинешниот десетти „Startup Weekend Skopje-Covid 19 edition“.

Во интервју со Радио МОФ, од Ways2Help рекоа дека преку своите активности сакаат да обединат и вмрежат компании, невладини, индивидуални што сакаат да помогат, без разлика дали е донација на храна, крв, облека, компјутер, одредена вештина или преку помош на семејство со исплата на сметка за струја, вода…

Тие нагласија дека транзицијата во државата остави несомнени траги врз целото опшество, а како држава во развој се уште се соочуваме со висок степен на невработеност и значителен број на социјално ранливи семејства.