Паднаа акциите на компаниите за технологија во Кина, откако регулаторот за државното користење на интернет препорача ограничено користење на паметни телефони кај малолетниците, јавува „БиБиСи“.
Акциите на компаниите како „Алибаба“ и платформата за споделување видеа „Билибили“ продолжија да паѓаат и остварија големи загуби.
Според предлог-законот, на малолетниците ќе им биде ограничено времето поминато онлајн на два часа дневно.
Овој предлог-закон доаѓа откако пред четири години во Кина беше ограничено времето за играње на видео-игри кај малолетниците.
Законот е предложен од Кинеската сајберспејс администрација, која истовремено предложува компаниите за производство на мобилни телефони и апликации да создадат функција за малолетници преку која ќе се поставуваат ограничувања за користење кои ќе варираат според возраста на корисниците.
Додека на малолетниците на возраст од 16 до 18 години ќе им бидат дозволени два часа дневно, оние под шест години ќе можат онлајн да поминат само осум минути.
Пред усвојување на предлог-законот, тој моментално се оценува од генералната јавност.
Технолошките гиганти најверојатно ќе бидат одговорни за спроведување на правилата, слично како што тие функционираат кога се ограничуваа видео игрите, изјавил Реј Ванг, основач и главен извршен директор на консултантската компанија „Constellation Research“.
„Се разбира дека постојат решенија. Децата можат да ги добијат лозинките на уредите на нивните родители, но генералниот консензус е дека ограничувањата за игри се прилично добро спроведени“, рече г-дин Ванг.
Акциите на „Алибаба“ се пониски за 3 отсто во Хонг Конг, додека во Кина, акциите на „БилибилиЕ паднаа за скоро 7 отсто во земјата.