Истекува рокот за пријавување за музичките награди HEMI

Во тек е меѓународниот повик за бендови и соло артисти во склоп на музичките награди организирани од Центар за размена на музички иновации – HEMI. Краен рок за пријавување е 23 декември.

Жири составено од 27 професионалци од музичкиот свет ќе ги избираат најдобрите учесници од Грција, Северна Македонија, Србија, Романија, Чешка, Полска, Унгарија, Словенија и Естонија.

Во жирито членуваат важни лица од регионот, организатори на големи регионални фестивали, промотери, музички експорт бироа, сопственици на клубови, музички новинари и продуценти, за кои може да се прочита на следниот ЛИНК.

Аплицирањето на конкурсот е бесплатно и отворено за секој музички жанр. За пријавување потребно е да се пополни апликацијата.

HEMI Music Awards е програма за талентирани музички изведувачи чија цел е развој и освојување на интернационалната музичка сцена.

Селекцијата се врши во три дела, а артистите во секој круг добиваат различен тип на поддршка за развивање на својата кариера.

Поддршката се состои од персонализирани работилници и предавања, менторски сесии со искусни музички агенти и продуценти, до организација на регионална турнеја или настапи на едни од најголемите европски фестивали.