Театар Чекори: Премиера на претставата „Марта“

На 30 март 2026 година, со почеток во 20 часот, во Дом на култура „Димитар Влахов“ во населбата Автокоманда ќе се одржи премиерата на театарската претстава „Марта“, во продукција на Театар Чекори

Претставата „Марта“, инспирирана од делото „Марта пред огледалото“, претставува интимен театарски запис што ја отвора темата за анорексијата и внатрешната борба на младите. Преку перспективата на тинејџерка која се соочува со ова нарушување, публиката ќе има можност да сведочи на тивките, но длабоки психолошки предизвици што често остануваат незабележани од околината. Делото е збогатено со монолози и искуства на самите актери, што дополнително ја продлабочува емоционалната димензија на приказнатa.

Како што посочуваат авторите, претставата не е само сценска приказна, туку и силна општествена порака – повик за поголема свесност, навремена реакција и поддршка за лицата кои се соочуваат со нарушувања во исхраната, како и за нивните најблиски.

Фото: Театар чекори

Автор на текстот е Тереса Кало Фонтан, а режијата и драмтизација, Маја Ѓурчевска.

Во претставата играат: Нина Неделковска, Зорица Станковска, Петар Мароски, Магдалена Пејова, Ана Шапкарова и Марија Димитрова

Светло: Никола Димевски
Тон: Надица Дивјакоска

Авторска музика и текст, оригинално компонирани за претставата: Петар Мароски

Музички соработник: Стефан Јовановски

Авторска музика користена во претставата: АТА, Апориа, Кисмет

Фотографија: Михаил Митевски

Со оваа премиера, театарската сцена во Скопје добива ново дело кое отвора важни општествени прашања и нуди емотивно и автентично сценско искуство.