Роман за водата и климатските промени: „Синевина“ од Маја Лунде во превод на македонски јазик

Во Македонија е објавен македонскиот превод на романот „Синевина“ од современата норвешка писателка Маја Лунде, во превод на Искра Бадева.

Романот се занимава со темата за реткоста на водата и изборите што човекот ги прави за да ја зачува животната рамнотежа на планетата. Македонската публика го доби на Светскиот ден на водата, 22 март, што дополнително ја потенцира неговата еколошка порака.

„Синевина“ ја следи приказната на две генерации: во 2017 година, Норвежанката Сигне се враќа на својата едрилица „Синевина“, решена да се соочи со минатото, додека во 2041 година Давид и неговата ќерка Лу преживуваат во Европа опседната со суша, барајќи вода и сигурност. Преку овие линии, романот истражува човековата врска со природата и последиците од климатските промени, поставувајќи прашања за одговорноста и иднината на следните генерации.

Маја Лунде е меѓународно призната авторка, најпозната по квадрилогијата за климатските промени, вклучувајќи го бестселерот „Историја на пчелите“. Нејзините дела се преведени на повеќе од четириесет јазици и добитници се на бројни награди.