Повик за учество: Фил(м)ософски есеј на тема „Анатомија на еден пад“

Во соработка со Францускиот институт во Скопје, годинашниот Конкурс за најдобар фил(м)ософски есеј ќе биде посветен на култниот филм „Омраза“ (1995), во режија на Матe Касовиц.

Темата на конкурсот гласи: „Анатомија на еден пад: ‘Засега е добро…’ или зошто одбиваме да го гледаме распадот околу нас?“

Во рамките на активностите, на 9 април 2025 година во КИЦ – Скопје ќе се одржи проекција на филмот (17:30 часот), наменета за ученици од средните училишта од Скопје и од други градови. По проекцијата ќе следува краток вовед во темата од м-р Виктор Јованоски, а видеото од воведот ќе биде достапно и онлајн.

Учениците, под менторство на наставниците, имаат рок до 4 мај да ги испратат своите анонимни есеи на адресата: svl@philosophicalfilmfestival.mk. Пристигнатите трудови ќе ги оценува тричлена стручна комисија.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 26 мај во Свечената сала на Филозофскиот факултет – Скопје (11 часот). Најдобрите тројца ученици ќе добијат едногодишна стипендија од Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ – Скопје, финансиски награди, подароци од Францускиот институт, комплети филозофска литература и списанија од издавачката куќа „Аз-Буки“ и од Филозофското друштво на Македонија, како и сертификат за освоено место и за менторство.

Победничкиот есеј ќе биде објавен во списанието „Филозофска трибина“.