Најавена е нова кинеска игра наречена Genigods: Nezha

Играта Genigods: Nezha е најавена дека ќе излезе дури во 2028 година. Од сегашниот најнов трејлер станува јасно дека нема да биде т.н. Souls игра туку повеќе за акциона игра – секако, со врвна графика и неверојатна мобилност. Игри на кои потсетува Nezha се Stelar BladeBlack Myth:Wukong и God of War. На оваа игра работи помало кинеско студио „Genigods Lab“ вклучено во таканаречениот „Херојски Проект“ (Hero Project) што според стратегијата на фирмата Sony е за пронаоѓање креативни гејминг студија и компании од помал размер во Кина и светот и изработувачи на видеоигри од непрезентирани региони. Тие им нудат менторство и финансии со цел нивните игри потоа да бидат адаптирани на нивните конзоли. И се вадат продукции со митолошки херои за да се промовира богатата кинеска култура и општо азијатска традиција и фолклористика.

Според тоа што го изјавија девелоперите во играта Nezha ќе има специфичен повеќеслоен комбат и најчесто играта ќе биде играна во инстанци со различни негативци. А како главен наратив во играта  ќе бидат презентирани и космогониски митови за постанокот на светот според азиски приказни.

Тоа што е интересно е што девелоперите изјавија дека филозофијата на Брус Ли што накратко парафразирано би гласела „биди како вода, заземај ги сите форми”, е директно имплементирана со водени магии и комбоа како референца за самиот женски лик Nezha.

Инаку ликот Nezha е присутен во аниме серии, книги, филмови и други медиуми а последно поголемо портретирање во гејмингот на овој митолошки кинески лик е во играта Warframe за која имаме повеќе написи тука. Уште пред цела декада ликот Nezha беше меѓу најбрзите Warframe-ми во трчање но сепак на второ место во играта по неприкосновениот најбрз Warframe наречен Volt Prime.

Иван Стојановски, целата вест на Мета.мк