„Во однос на предлог законот за високо образование НУБ Св. Климент Охридски не беше консултирана“: Разговор со Јовица Никичевски

Активирањето на новата зграда на Национална универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ отвора ново поглавје за академската заедница и за младите читатели во земјава. Со модерна мултимедијална читална и современи услови за учење и истражување, институцијата испраќа јасна порака дека библиотеката не е само архив на минатото, туку динамичен центар на знаење и дигитална трансформација.

Во разговорот со директорот Јовица Никичевски зборувавме за тоа што значи новиот простор за студентите – како поволност, како можност за пристап до современи ресурси и како поттик за поголема вклученост на младите. Бројките, вели тој, покажуваат зголемен интерес и раст на членството, што е показател дека инвестицијата во инфраструктура носи конкретни резултати.

Отворивме и прашања за дигитализацијата на вредните и ретки примероци што се чуваат во архивата на НУБ – процес што има двојна цел: заштита на културното наследство и негово доближување до пошироката јавност. Разговаравме и за улогата на библиотеката во издавачката дејност, како и за тоа дали институцијата била консултирана при подготовката на новиот предлог-закон за високо образование, особено во делот што се однесува на издаваштвото.

Во интервјуто не изостанаа ниту чувствителните теми – дали на НУБ ѝ недостига стручен кадар за реализација на планираните проекти и колку, според Никичевски, „партиските вработувања“ придонеле за институционалната неагилност. Одговорите, како што најавува, се насочени кон реформи и враќање на професионалните стандарди во фокусот на институцијата.

Целиот разговор проследете го во продолжение: