Денеска, со почеток во 13:00 часот, на Универзитет во Тетово ќе се одржи јавна дебата посветена на новиот Предлог-закон за високо образование.
Дебатата има за цел да отвори широка академска и јавна расправа за предложените законски измени, кои се очекува да донесат новини во функционирањето на високообразовните институции, начинот на управување, квалитетот на наставата и научно-истражувачката дејност, велат од МОН.
Организаторите најавуваат учество на професори, асистенти, студенти и претставници на академската заедница, кои ќе имаат можност да ги изнесат своите ставови, предлози и забелешки во однос на законското решение.
На настанот ќе присуствуваат и претставници на Универзитет на Југоисточна Европа, со што дебатата добива дополнителна тежина и инклузивност, имајќи предвид дека ќе бидат опфатени ставови од различни високообразовни институции.
Фото извор: Архива



