Наставниот процес блокиран низ неколку тетовски и скопски училишта поради дојави за бомби

Вчера во Министерството за внатрешни работи стасале дојави за поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово и Скопје, информираат оттаму. Нови дојави имало и денес.

„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат во МВР.

Денеска пристигнале нови дојави за поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово, за кои е утврдено дека се лажни.

Извор: Мета

Фото: Мета