Утринава беше прекината наставата поради дојава за бомба во скори сите тетовски училишта.
МВР соопшти дека веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Од одделението за образование при општинскиот Сектор за јавни дејности информираа дека училиштата се проверени од полициските службенции при СВР Тетово, а сите ученици и вработени се евакуирани и ги напуштиле училишните простории.
Воедно информираа дека наставниот процес ќе продолжи само по официјална потврда дека безбедносните услови се целосно исполнети.



