Франција ја ограничува употребата на место: Традиционалните француски рецепти ќе се подготвуваат со мешунки

Франција ја ажурираше својата Национална стратегија за храна, исхрана и клима, повикувајќи ги граѓаните да го намалат внесот на месо со цел подобрување на јавното здравје и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Позната по јадења како бифтек со помфрит и говедски гулаш, Франција денес се соочува со еколошките последици од својата традиционално месна кујна. Секторот за храна и земјоделство учествува со околу една третина во глобалните емисии на стакленички гасови, веднаш по согорувањето фосилни горива. Истражувањата покажуваат дека месото, особено говедското и јагнешкото, има значително влијание врз климатските промени.

Според калкулаторот CO2 Everything, порција од 100 грама говедско месо има јаглероден отпечаток еквивалентен на возење автомобил околу 78 километри, со емисија од 15,5 килограми CO₂ еквивалент.

Стратегијата, објавена овој месец, поставува цели до 2030 година за справување со климатската криза и растечките здравствени проблеми. Иако првично требаше да биде објавена во 2025 година, документот бил одложен поради притисоци од земјоделски лобија.

Новите препораки промовираат исхрана базирана на целосни намирници, овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти плодови и интегрални житарки, со „ограничена“ употреба на месо и сувомесни производи. Се предвидува и намалување на увозот на месо, додека рибата и млечните производи може да се консумираат во „доволни“ количини. Сепак, кравјото млеко произведува приближно трипати повеќе емисии во споредба со повеќето растителни алтернативи.

Министерката за еколошка транзиција, биодиверзитет и меѓународни климатски преговори, Монік Барбу, изјави дека подобрата исхрана значи грижа за планетата, здравјето и одржливото земјоделство.

Извор: EuroNews

Фото: Freepik