Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ со детали за вчерашниот земјотрес

Телеметриската сеизмолошка мрежа, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22:05 часот регистрираше земјотрес со епицентар на територијата на Косово, околу 45 километри северозападно од Скопје. Според првичните податоци, земјотресот имал локална магнитуда од 4.6 степени според Рихтеровата скала.

Според информациите со кои располага опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Тетово, Гостивар и нивната околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје и околината е регистриран интензитет од IV до V степени, додека во останатите делови од државата земјотресот бил почувствуван со интензитет од III до IV степени.

Надлежните институции продолжуваат да ја следат состојбата и да ги анализираат податоците. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Фото: Freepik