Синдикати од образованието, културата, индустријата, трговијата, полицијата… утре, 28 јануари, од 17 часот се приклучуваат на протестот на Сојузот на синдикатите (ССМ), чие зборно место е токму пред зградата на ССМ.
„28 јануари е денот кога зборуваат работниците! Овој протест не е за ‘ако имаш време’, па ќе дојдеш, не е ниту за ‘чекај сега, кај најдоа да протестираат во 17 часот., ќе биде темно и ладно, може и ќе врне, може друг ќе протестира па ќе завршат работа’. Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, а кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно со тебе“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Од ССМ бараат 600 евра минимална плата за секој работник и плус 100 евра линеарно покачување на сите останати плати.
„Ако не излеземе на улица, значи дека се согласуваме со сиромаштијата. Судбина е буквално во наши раце!“, повикуваат синдикалците.
Фото: Синдикат на работниците од трговијата – СРТ



