Повик за млади уметници и креативци: Осмели се, инспирирај, промени – Политичкиoт интегритет низ очите на младите

„Припаѓаш на генерацијата што не молчи? Те нервираат оние што сè завршуваат со ‘врски’? Не си како нив? Читај понатаму!“, се вели во повикот на „Лице в лице“ за млади уметници и креативци.

„Замисли креативност и уметност што не служи само за лајкови. Ни треба уметност што вреска и која e kickass! Уметност што предизвикува, што го р`чка системот таму каде што најмногу боли. Или, онаму каде што, навидум, ‘никој не го боли…’ Уметност што кажува: „Гледаме. И нема да престанеме да бараме одговорност.“ Ако веруваш дека твојата визуелна креација може да стане глас на младите, овој повик е токму за тебе“, посочуваат од „Лице в лице“.

Тема на повикот

„Создади визуелно дело (илустрација, постер, дизајн, дигитален колаж, дигитална графика, или друг креативен дигитален медиум) во А3 формат, кое:

-го прикажува влијанието на корупцијата врз нашето секојдневие;
-ја разоткрива врската помеѓу политичката моќ и одговорноста;
-мотивира граѓани, особено млади, жени и малцинства, да бараат транспарентност и отчетност;
-ја претвора комплексната тема на политички интегритет во визуелна порака што секој може да ја разбере.

Сакаме дела кои се храбри, провокативни, инклузивни, оригинални.
Создади визуелно дело што „вреска“ против корупцијата, што ја демистифицира моќта, што покажува зошто (политичкиот) интегритет е кул, важен и неопходен и зошто ни се важни принципите на транспарентност и отчетност и како тоа ќе го подобри нашето секојдневие.

Направи дело што ќе ги натера луѓето да застанат и да размислат. Ова е покана да направиш нешто што остава трага. Да искажеш нешто што ретко кој го „нацртал“ а сите треба да го чујат“, се вели во повикот.

Повеќе за наградите и критериумите на повикот ТУКА.