Во „Станица 26“ во Скопје, вечер 19 декември, од 18:30 часот ќе се одржува деветтото издание на фестивалот „Востание“.
„Ќе настапи еден од највлијателните и најлегендарни бендови на нашата култура – основоположниците на металик хардкор звукот – ‘Integrity’“, најавија организаторите од „Diehard records“.
Како што велат, „Integrity“ се легендарен хардкор/метал бенд од Кливленд, основан во 1988 година. Препознатливи по својата мрачна и агресивна комбинација на хардкор панк и метал, „Integrity“ оставија траен белег на глобалната хардкор сцена.
„Со влијание врз цели генерации бендови и култен статус, нивните настапи се ретки и секогаш незаборавни – сурова енергија и апокалиптична атмосфера“, стои во најавата.
Ќе настапува и „Stone Cold“, кросовер хардкор бенд од Италија, составен од членови на „Fulci“, „Slander“ и „Silver“.
„Нивното ново ЕП излезе преку ‘Born Dead Collective’ — слушни го, подготви се и не ги пропуштај во живо, заедно со ‘Integrity’, на ‘Востание #9’“, се вели во наајтата.
Домашната сцена ќе ја бранат два бенда за кои не е потребна посебна најава кај домашната публика – „Shock Troopers“ и „Primitive Dread“.



