Денови на хрватски филм од 15 до 20 септември во Кинотека

Од 15 до 20 септември во Кинотека на Македонија ќе се одржат „Денови на хрватски филм“, со проекции кои почнуваат во 20 часот.

„Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватско кино. Церемонијата на отворањето ќе започне со филмот „Ustav Republike Hrvatske“ (2016) во режија на Рајко Грлиќ“, велат од Кинотека.

Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со најновата крими драма „Svemu dođe kraj“ (2024).

Сите филмови ќе се прикажуваат на оригинален јазик со титлови на македонски и на англиски јазик.

Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.