Книжевно-мултимедијалниот фестивал „ArtArea“ годинава ќе се одвива од 12 до 14 септември во кафе-книжарница „Буква“, а тема во фокус е македонската алтернативна музика.
„Како и секоја година, фестивалот ќе биде точка на пресек на различни културно-уметнички полиња. Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ‘ArtArea’ е планирана со богата програма од различни културни зони“, велат од издавачката куќа „Бегемот“, организаторите на настанот.
Преку неколку тематски настани и концерти во живо, вториот фестивалски ден ќе биде посветен на македонската алтернативна музика. Ќе има изложба на фотографии „Состојба на нештата – возила“ од Наташа Гелева-Лени, шест книжевни разговори, музичка панел-дискусија, музички видеоартови, поетско-музички перформанс, продажба на винили и концерти од млади македонски музичари, актуелни на македонската алтернативна сцена.
„ArtArea“ го организира издавачката куќа „Бегемот“ девет години по ред. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.
Во продолжение ја пренесуваме целосната програма:
12.09.2025
19:00 – Разговор за книгата: „Опашка од конец“ од Оливера Ќорвезироска (Бегемот, 2025), разговараат Владимир Мартиновски, Владимир Јанковски и Оливера Ќорвезироска
20:00 – Разговор за книгата „Потклек“ од Љупчо Петрески (Бегемот, 2025), разговараат Катерина Шекутковска, Душица Лазова и Љупчо Петрески
21:00 – Разговор на книгата: „небо трето“ од Ѓоко Здравески (Бегемот, 2025), разговараат Николина Андова-Шопова и Ѓоко Здравески, музичка придружба Дејан Спасовиќ и Перица Сарџоски
22:00 DJ сет MamaMixa
13.09.2025
(Продажба на плочи и музички материјали: Re:start)
19.00 – Панел-дискусија: Македонската алтернативна музика низ годините (модератор: Јане Алтипармаков, учесници на панелот Васко Марковски, Елеонора Стојановиќ, Раде Биковски, Филип Букршлиев и Ивица Димитријевиќ)
20:00 – Видеоарт омнибус: „The Hip – Reality Overdrive“ од Јане Алтипармаков
21:00 – Соло-концерт Мартин Џорлев
21:30 – Џем сесија на колективот Гола Планина
22:30 – Концерт во живо на Mallard
14.09.2024
19:00 – Разговор за книгата: „Антисвет“ од Ана Тодоровска (Илика, 2025), разговараат Марија Велинова и Ана Тодоровска
20:00 – Разговор за книгата: „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски (Бегемот, 2025), разговараат Владимир Мартиновски и Васко Марковски
21:00 – Разговор за книгата: „Збирно место“ од Тони Димков (Бегемот, 2025), разговараат Филип Димевски и Тони Димков