МОН објави конкурс за стипендии за студентите на прв циклус студии

Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурс за доделување стипендии за студенти запишани на додипломски студии, за студиската 2025/2026 година.

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии (прв циклус студии) кои студираат на државните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија и кои се редовни студенти, не повторувале година во текот на студирањето, не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании и се државјани на Македонија.

Аплицирањето е единствено електронски, односно документите не треба физички да се доставуваат и во МОН.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 1 до 15 ноември.

Повеќе околу потребните документи и условите на пријавување ги има на конкурсот.