Како потсетување за посета на изложбата „Сублимации“ на уметникот Горан Стојчетовиќ, која е поставена во Етнолошката галерија на Музејот на Македонија и ќе биде отворена до 25 јуни, „Партизанска штампа“ повикува и на проекција на краток филм што ќе се прикажува во кино-салата на музејот во сабота, 21 јуни, од 13 до 15 часот.
„Запознајте се со длабинската уметност на Горан Стојчетовиќ преку петнаесетминутен филм што открива разновидни, луцидни и невообичаени атмосфери на неговото творештво и инспирација. Преку автентични прикажувања на уметничкиот процес, филмот го води гледачот во свет во кој се среќаваат внатрешните визии и слоевитата реалност – простор во кој уметникот не само што создава, туку и престојува“, соопштуваат од „Партизанска штампа“.
Филмот е реализиран по повод настанот „Длабинска уметност на Горан Стојчетовиќ“, одржан во Српскиот културен центар во Париз во 2022 година.
Монтажата е на Баксуз Малер.