Изложба „Графичка имагинација во сито печат“ вечерва во КИЦ

Во рамки на Европскиот месец на креативност вечерва со почеток во 20 часот во салонот Империјал 2 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје ќе се отвори изложбата на графички мапи печатени во графичкото студио на КИЦ – „Графичка имагинација во сито печат“.

Учесници се Илија Аџиевски, Родољуб Анастасов, Павле Кузмановски, Трајче Блажевски, Сергеј Андреевски, Дијана Томиќ Радевска, Горјан Ѓорѓиев, Фехим Хусковиќ, Денис Тенев и Атанас.

„’Графичката имагинација во сито печат’ е изложба која промовира графичка техника која во модерното дигитално време полека паѓа во заборав. На изложбата се претставени значајни ликовни уметници од Македонија претставници на повеќе генерации кои оставија печат во промоцијата на совремета македонска ликовна уметност“, истакнуваат од КИЦ.

На 4 јуни, пак, во салонот Империјал 2 во КИЦ ќе се одржи „Работилница за сито печат“ со Зоран Младеновски и Јован Атанасовски.