Изложбата „Сѐ, во својата пролет“ на Мартина Рмуш ќе се отвори на 13 мај од 20 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро.
„Рмуш Мартина е креативец кој најчесто создава freestyle апстрактна уметност со вибрантни бои и форми. До сега има седум изложби, повеќето во Скопје, една во Охрид и една меѓународна – во Севиља, Шпанија. Најчесто црта со акрилни бои на платно или со мермерни мастила на вода, но во последно време сака да експериментира и истражува преку колажи и мозаици“, велат од Центар Јадро.
„Сè, во својата пролет“ е колекција на дела од различни етапи од нејзиниот креативен процес, вклучувајки ги и нејзините први платна, додаваат оттаму.
Изложбата ќе биде отворена до 17 мај.