Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

Што ги одбележа минатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Видео] Што е муабетот со уставните измени?

Периодов ќе слушате многу за измените на Уставот. Ќе се лицитира со бројки и датуми. Но, зошто воопшто се менува Уставот? Што е точно она што се предвидува да се смени? И како ќе се одвива овој процес?

[Видео] Што е муабетот со уставните измени?

2. По утврдена дискриминација, УГД (ќе) ги отстрани барањата за тестови за ХИВ и Хепатит Ц за странски студенти

Кандидатите за упис на Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (УГД) кои се странски државјани, покрај задолжителните документи, требало да поднесат и тестови за ХИВ и Хепатит Ц и со тоа Универзитетот извршил повеќекратна директна дискриминација врз основ на државјанство и здравствена состојба, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

По утврдена дискриминација, УГД (ќе) ги отстрани барањата за тестови за ХИВ и Хепатит Ц за странски студенти

3. „Бистри умови“ – бесплатно менторирање на талентирани ученици по математика, информатика и физика

Од 7 до 12 август месецов, во Кочани ќе се одржи неколкудневен информатички камп за млади, организиран од Здружението „Бистри умови“.  Талентираните млади луѓе ќе можат дополнително да се подготват за интернационални натпревари по информатика.

„Бистри умови“ – бесплатно менторирање на талентирани ученици по математика, информатика и физика

4. Институциите не го есапат Законот за млади [Инфографик]

И покрај тоа што речиси сите рокови од Законот за младинско учество (Закон за млади) се истечени, Владата, државните институции и општините имаат исполнето само мал дел од законските обврски кои требаше да им помогнат на младите, покажува нова анализа на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Институциите не го есапат Законот за млади [Инфографик]

5. Димитар Башевски за збирката „Дни, години“ ја доби Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година

Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата  за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на „СЛОВО“.

Димитар Башевски за збирката „Дни, години“ ја доби Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година

+ Бонус: 

#РаскажиМи: „Раче“ од Игор Поп Трајков

Овојпат во рубриката #РаскажиМи  го читаме краткиот расказ „Раче“ од Игор Поп Трајков.

Никогаш волку не с`м се намачила. Денес мајка ми ни едно лепче не ми оставила. Браќата сабајлево ми заминаја и ме оставија. Немав сила да станам, заш` не бев јала. Шо е животот, чекалница за храна. Се качив во автобусот и сеа се возам накај центар. Таму има многу странци, најчесто ни давет нешто, цигари, јадене, некога и пари. Знаат дека сме без ич. Сеа се надевам дека нема да ме фатат дека сум бес пари; ме знаат веќе овија од линијата. Еднаш чичкото возач ми рече: „Излевај Нериде, на наредната станица ќе влези ловецот. Па ќе те носи во затвор.“ Добар човек е, го знам. Кога ќе видам дека он вози ми се полни душата. Има и лоши луѓе меѓу возачиве, на кој не им е гајли дека сум девојче од 6 години, туку ме малтретират како старо ѓубре.

#РаскажиМи: „Раче“ од Игор Поп Трајков