• Youtube
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
Радио МОФ
Мени
  • Вести
    • Вести
    • Граѓани
    • Образование
    • Култура
    • Музика
    • Кампањи
    • Наука
    • Shqip
    • Лабаво
    • Став
    • За Вас
  • Видео
  • Подкасти
  • #МЛАДИ
  • Образование
  • Култура
  • Анализи
  • Истражувања
  • Shqip
  • #МладинскиГлас
Се наоѓате на:Дома»#Техно»Твитер го смени логото, познатата сина птица полека оди во историјата

Твитер го смени логото, познатата сина птица полека оди во историјата

Фото: Твитер

24/07/2023 - 11:39 #Техно, Вести

Илон Маск го објави новото лого на Твитер, избирајќи „минималистички арт деко“ симбол Х како дел од ребрендирањето на платформата.

Утрово корисниците на социјалната мрежа на десктоп компјутери ги дочека новото лого на врвот на нивните профили, на местото каде досега беше култната сина птица инспирирана од името на платформата. Дополнително знакот X сега може да се види при ажурирање на почетната страница, во сервисот „Твитер Блу“, како и во симболите покрај вработените во Твитер.

На почетната страница и понатаму стои синото копче „Tweet“, но вчера Маск веќе започна јавно да собира мислења за промена и на овој збор, откако ги запраша своите следбеници за нивни предлози во што треба да се смени зборот „твитање“.

До овој момент логото на Твитер не е изменето на мобилната апликација.

Маск вчера ја промени профилната слика со слика од новото лого, а во неговите биографски податоци под профилот сега стои адресата X.com, која води кон Твитер. Новиот заштитен знак беше и проектиран на зградата каде се наоѓа седиштето на Твитер во Сан Франциско.

Our headquarters tonight pic.twitter.com/GO6yY8R7fO

— Elon Musk (@elonmusk) July 24, 2023

Сопственикот на Твитер напомена дека дизајнот на заштитниот знак веројатно ќе биде делумно променет и доработен во иднина.

„Во животот и бизнисот да се добие втора шанса за прв впечаток е исклучително ретка работа. Твитер направи еден масивен впечаток и го промени начинот на кој комуницираме. Сега, Х ќе оди понатаму, трансформирајќи го го „глобалниот плоштад“. Х е идниот степен на бесконечна интерактивност – фокусирана на аудио, видео, пораки и плаќања/банкарство – создавајќи глобален пазар за идеи, добра, услуги и можности. Придвижен од ВИ, Х ќе не` поврзе сите нас на начин кој само започнуваме да го замислуваме“, напиша директорката на Твитер, Линда Јакарино.

Маск кој претходно го смени официјалното име на компанијата во „X Corp“, вели дека оваа промена требала да биде извршена далеку порано.

Препознатливата сина птица на Твитер за првпат се појави во брендот на компанијата во 2010 година, а во 2012 година го доби денешниот изглед. Беше наречена Лери, во чест на славниот кошаркар на Бостон Селтикс, Лери Бирд.

Today we say goodbye to this great blue bird

This logo was designed in 2012 by a team of three. @toddwaterbury, @angyche and myself,

The logo was designed to be simple, balanced, and legible at very small sizes, almost like a lowercase “e”, a 🧵 pic.twitter.com/pogZnorRko

— martin grasser (@martingrasser) July 24, 2023

Еден од најбогатите луѓе на светот, претходно познат по неговите компании Спејс X и Тесла преку кои развива ракети и електрични автомобили, сега е препознатлив по неговите екцентрични коментари на неговиот официјален Твитер профил, преку кој често споделува и теории на заговор и влегува во јавни кавги на социјалната мрежа.

Маск направи драстични промени на платформата, откако ја купи за 44 милијарди долари во октомври минатата година. Тој драстично го намали бројот на вработените во Твитер, а направи и драстични промени во политиките на компанијата, што пак беше проследено со чести проблеми на социјалната мрежа.

Тој постојано предупредуваше дека Твитер може да биде во ризик од банкрот, поради високите трошоци и ниски приходи. Овој месец тој соопшти дека платформата уште има негативен прилив на средства поради падот за 50% на приходите од рекламирање и високите долгови.

  • Tweet
  • Share 0
  • Reddit
  • LinkedIn 0

МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Збогум на култната птица од Твитер, Маск најави промена на логото во „X“ Твитер падна за дел од корисниците со порака дека го надминале дневниот лимит за твитање Твитер ги укина политиките за забрана на ковид дезинформации Приходите од реклами на Твитер се намалиле за 40% откако многу компании го паузираа рекламирањето
  • Популарно

    • Most Viewed
    • Протестен марш утре во Скопје за солидарност со палестинскиот народ
    • „Котур“ денес слави „седумка“
    • „Play it loud!“ – работилници на музички теми и вечерни концерти денес во „Буква“
    • Блокиран сообраќај и уништени продавници во демонстрации низ Европа по запирањето на флотилата со помош за Газа
    • [Видео] Филмот и музиката наспроти политиката: Кој е погласен?
    • НОВО
    • За Вас
    • Lajme në gjuhën shqipe
    • 05/10/2025 0 Јаневска: Ги интензивираме превентивните активности во училиштата за да спречиме младите да употребуваат тутун и е-цигари
    • 04/10/2025 0 Билјана Црвенковска и Румена Бужаровска во книжевниот избор „Штефица Цвек“ за 2025 година
    • 04/10/2025 0 СЦ „Дуња“ одбележува девет години постоење и делување
    • 04/10/2025 0 [Видео] Филмот и музиката наспроти политиката: Кој е погласен?
    • 04/10/2025 0 „Play it loud!“ – работилници на музички теми и вечерни концерти денес во „Буква“
    • 11/09/2025 0 СМР го распиша повикот за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за постдипломски студии по младинска работа
    • 10/09/2025 0 Млади во Западен Балкан – Повик за национална МЛАДИ награда 2025
    • 22/08/2025 0 Објавен конкурсот за наградата „Илија Жупаноски“ за придонес во справувањето со дезинформациите
    • 20/08/2025 0 Отворен повикот за „Зелени идеи“
    • 18/08/2025 0 „Еко-свест“ отвори повик за артисти, уметници и дигитални креатори
    • 19/06/2025 0 Млади правници започнуваат иницијатива за унапредување на правдата за децата во Македонија
    • 17/06/2025 0 Наградата за младинско учество се враќа, пријавувањето трае до 30 јуни
    • 14/06/2025 0 ЗНМ: Новинарството не е злосторство – Стоп за SLAPP тужбите
    • 13/06/2025 0 Граѓански иницијативи: Изборниот законик стана оружје против независните
    • 12/06/2025 0 Министерството за здравство три месеци не одговорило на барањата на дијабетичарите, сега се обраќаат до новиот министер
  • Радио моф на FACEBOOK

    Радио МОФ
  • Радио МОФ на TWITTER

    Tweets by @RadioMOF
  • Радио МОФ на Instagram

    View this post on Instagram

    A post shared by Instagram (@instagram)

    Powered by embedinstagramfeed & the impossible quiz 2 question 7
  • За нас
  • Програма
  • Импресум
  • Контакт
Радио МОФ е непрофитен медиум. За да ви обезбедиме објективно и професионално информирање добиваме поддршка од повеќе организации. Содржините објавени на медиумот не ги изразуваат нивните ставови или ставовите на Младински образовен форум и се професионални медиумски содржини креирани од редакцијата на Радио МОФ.