Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци Скопје ја доби Гран при наградата за најдобра претстава на фестивалот „Новосадски театарски игри“.
„Претставата е исклучително повеќеслојна во сите нејзини сегменти. Во исто време архаична и модерна, и ги поседува сите потребни карактеристики за првокласна претстава“, се вели во одлуката на жирито.
„Новосадски театарски игри“ е меѓународен фестивал за професионални театри за деца и младинци кој започна да се одржува од минатата година во чест на 90 години од основањето на Театарот за млади, а симболично и во годината кога Нови Сад ја носеше титулата за Европска престолнина на Европа.
Во рамките на годинешното издание што се одржа во втората недела од мај се одиграа петнаесет претстави на театри за млади од Блаканот и Европа.