Два тима од млади иноватори ќе ја претставуваат земјава на глобален младински предизвик

Тимовите „Bio Techno Logic“ и „Green Hot Chili Peppers“ се македонските претставници од младинскиот предизвик „Генерација без граници – Технологија за планетата“, кој ќе ја претставуваат земјава на глобалниот предизвик „Генерација без граници 2022“

На денешниот финален натпревар учествувале пет тима од млади на возраст од 16 до 24 години, кои ги презентирале своите идеи за справување со климатските промени преку користење на дигитални технологии.

Младинскиот предизвик се реализира во соработка на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, а овогодишниот предизвик го спроведе Центарот за социјални иновации БЛИНК 42– 21.

Тимот „Bio Techno Logic“ на денешното филнале се претставил со изумот за автоматизирана и дигитална корпа за органски отпад, која во својата крајна фаза ќе произведува природен биохумус, додека пак тимот „Green Hot Chili Peppers“ се претставил со идеја за за заштита на животната средина преку изработка на посебна корпа, која самостојно го селектира отпадот и притоа произведува електрична енергија.

Тимот „Bio Techno Logic“ е составен од младите иноватори Ангела Исовска, Михаела Петровска и Јован Дејаноски, според кои, нивниот изум ќе биде едноставна за одржување, со што ќе биде прифатен и применет во домаќинствата и индустријата, а дополнително, уредот ќе може да се управува со мобилна апликација.

Зад тимот „Green Hot Chili Peppers“ стојат студентите Никола Коцевски, Љубица Ристовска, Кристина Цоковска, Јован Симоновски и Теодора Петровска кои се екологисти и ентузијасти. Нивната идеја ќе се обиде трајно да го реши проблемот со отпадот, со преку моделот на селекција.

Тимот развил решение за „смарт“ корпа, која со сензори би го селектирала отпадот во неколку категории, а дополнително на корпата би биле поставени и соларни панели, со цел продуктот да биде енергетски ефикасен.

Во рамки на денешното национално финале од младинскиот предизвик, награден бил и трет тим, „Oh
Swapp Team“,  кои планира да развие мобилна апликација за размена на облека и книги во време кога модната индустрија е одговорна за 10 отсто од глобалната емисија на јаглерод диоксид.