Преку „Big Time Takeover“ ќе се поттикнува креативната моќ на младите и потенцијалот на технологијата

ЈУ Младински културен центар (МКЦ) од јуни оваа година па се до април 2023 е дел од меѓународнот проект со наслов „Big Time Takeover“ развиен преку „Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства кои вклучуваат образовни програми за млади“.

„Проектот има за цел да ги поттикне младите да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на модерната технологија за да проговорот на прашањата кои ја засегаат заедницата. МКЦ во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во креирање на содржина која е во склоп на проектните активности и цели, но најмногу во интерес на сегашната итност во креирање на грижлив пристап кон природата“, соопштуваат од МКЦ.

Од самиот почеток МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот.

„Од овој дијалог произлезе проектот ‘Градината како инструмент, пермакултура како методологија’ развиен во соработка со Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива ‘Бостание’, кој е вклучен како експерт и едукатор во создавање на првата институционална пермакултурна градина во Скопје“, велат од МКЦ.

Градината ќе има за задача да ги поттикне младите (на возраст од 14 до 18 години) во три клучни области: 1. креативно изразување преку уметнички пристап кон природата, 2. користење на дигитални алатки во процесот кон пермакултурното градинарство, и 3. развивање на одговорност за својот посед и принос од работата.

„Главната цел е воспоставување на холистичка синтеза од различни пристапи за креативно поттикнување на младите, инспирирани од големото искуството на партнерите во проектот на локално, регионално и национално ниво. МКЦ редовно ќе известува за развојот на проектот и за начинот на кој младите и креативните едукатори ќе можат да земат учеството во активностите“, соопштува Центарот.

Инаку, под водство на Associazione culturale Mulab  од Италија, проектот  подржан од Национална агенција за млади на Италија (Agenzia nationale per i giovani), а ги вклучува партнерските организации Rinova Limited (Велика Британија), HFC-Hope for children CRC Policy Centar (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска).

За повеќе информации ТУКА.