МЗ: 609 нови случаи со КОВИД-19, пријавени 22 починати и 347 оздравени лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во впоследните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19.

Најмногу се во Скопје – 276, потоа во Куманово – 50, па Струмица – 36, Штип – 21, Велес – 20, Охрид и Кавадарци – по 18, Гостивар и Битола – 17, Кичево, Струга и Радовиш – по 15, Прилеп – 14, Кочани – 11, Тетово и Берово – по 9, Ресен – 6, Гевгелија, Свети Николе, Дебар, Валандово и Кратово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка, Делчево и Пехчево – по 3, Неготино – 2, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe вкупно 347 оздравени пациенти. Пријавени се 22 починати лица. 6 од Скопје (65г, 66г, 73г, 77г, 78г и 81г), 5 починати лица од Струмица (45г, 52г, 64г, 71г и 82г), по 2 починати лица од Прилеп (51г и 82г) и Струга (70г и 80г) и по едно починато лице од Тетово (54г), Гостивар (64г), Берово (72г), Кавадарци (54г), Куманово (46г), Крива Паланка (72г) и Дебар (65г).

Сите пријавени се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.218.501 тестирање на КОВИД-19/

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406“, информираат од Министерството за здравство.