На денешната 80-та владина седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз, и отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено најмногу до 75 отсто исполнетост од вкупниот капацитет на возилата, наместо досегашните 50 отсто.
Туристичките работници пак пред неколку дена се најавија нови протести и блокади на патиштата, доколку до 15 август не се промени одлуката за превоз на 50% во автобусите, но, побараа и да се продолжи мерката за субвенционирање на платите во овој сектор каде спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.
Тие излегоа на протест на 29 јули поради, како што рекоа, надлежните институции останале неми на барањата за нивна помош.