Вкупниот капацитет на исполнетост во меѓуградскиот и меѓународниот превоз на патници се зголемува на 75%, одлучи Владата

На денешната 80-та владина седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз, и отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено најмногу до 75 отсто исполнетост од вкупниот капацитет на возилата, наместо досегашните 50 отсто.

Туристичките работници пак пред неколку дена се најавија нови протести и блокади на патиштата, доколку до 15 август не се промени одлуката за превоз на 50% во автобусите, но, побараа и да се продолжи мерката за субвенционирање на платите во овој сектор каде спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.

Тие излегоа на протест на 29 јули поради, како што рекоа, надлежните институции останале неми на барањата за нивна помош.

Нови протести ако не се укине одлуката за пoловина капацитет во автобусите, најавија туристичките работници