Од петок (29 мај) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (за жени над 62 години и мажи над 64 години) во вторник, петок, сабота и недела, соопштуваат од ЈСП.
Оттаму апелираат на рационално користење на превозот, но и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид-19.
https://www.facebook.com/jspskopjee/posts/2004116709718842
По укинувањето на полицискиот час, вчера од ЈСП исто така информираа дека јавниот превоз во Скопје од денеска продолжува да функционира вообичаено, односно, без временско ограничување.
Целиот возен ред е достапен за преглед на веб-страницата на ЈСП Скопје.
Автобусите на ЈСП од утре ќе сообраќаат без временско ограничување, по саботен возен ред