Синоќа после полноќ во боите на Шарената револуција е обоена телевизијата Сител. Обоената фасада утрово ја забележале вработените и граѓаните кои биле на прошетка во Градскиот парк.

Фото: Плусинфо
Минатата седмица Шарената револуција ја обои државната информативна агенција МИА, каде беа испишани пораките „Не можеш да убиеш идеја“ и „Пукај џабе ти е“.
Пред три недели пак на мета на демонстрантите беше и Македонската радио телевизија.