92 новозаболени од Ковид-19, починати три лица последново деноноќие

Последните 24 часа регистрирани се нови 92 случаи на Ковид-19 од направени 997 тестирања, соопштија од Министерството за здравство.

Новите случаи се во: Скопје-17, Делчево-13, Тетово-7, Куманово-6, Штип-6, Гостивар-5, Кичево-5, Свети Николе-4, Кочани-3, Пехчево-3, Струга-3, Гевгелија-3,  Битола-3, Прилеп-2, Велес-2, Струмица-2, Македонски Брод-2, Охрид-2, Кавадарци-1,  Крива Паланка-1, Берово-1 и Неготино-1.

Последново деноноќие од вирусот починати се три лица. Пациент од Гостивар (41) и пациент од Дебар (63) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35) почината вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 86 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 15.090,  бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.238.

Направените 997 теста се преку: ИЈЗ-396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-236,  Биотек-137, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -110, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-6, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

Од Министерството за здравство информираат и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 53, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани  се  2 деца и 1  мајка позитивни на Ковид-19, 4 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.