913 новозаразени и 16 починати од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 913 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 440 случаи во Скопје, 64 во Прилеп, 50 во Кавадарци, 45 во Куманово, 35 во Тетово, 33 во Гевгелија, 31 во Неготино, 29 во Гостивар, 26 во Охрид, по 24 во Велес и Битола, 21 во Струмица, 11 во Крушево и по десет случаи во Кочани и Крива Паланка.

Потоа, седум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Ресен, по шест во Струга и Свети Николе, по пет во Кичево и Демир Капија, по четири во Штип, Радовиш, Богданци и Демир Хисар, по три во Делчево, Берово и Валандово, два во Дојран и по еден случај на Ковид-19 се регистрирани во Пробиштип, Виница, Македонски Брод и Пехчево.

Од МЗ исто така информираа дека од Ковид-19 во последните 24 часа починале 16 лица, односно, седум пациенти од Прилеп на 87, 82, 75, 74, 70, 66 и 63 години, шест од Скопје на 83, 75, 72, 69, 66 и 54 години и по еден од Гостивар на 87 години, од Гевгелија на 71 година и од Крушево на 40 години.

Регистрирани се 351 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 173, Охрид – 37, Прилеп – 28, Кавадарци – 16, Велес и Струмица – по 12, Куманово – 11, Неготино – 9, Тетово и Гевгелија – по 8, Струга – 7, Кочани – 5, Штип и Битола – по 4, Крива Паланка и Берово – по 3, Виница, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар и по 1 од Делчево и Валандово.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262 , бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 551.917 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.707 тестови.

Од вечерва во 22 часот почнува полицискиот час кој се воведе поради состојбата со коронавирусот.