482 новозаразени и 12 починати лица од Ковид-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последниве 24 часа регистрирани се 482 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 199.539.

Од новозаразените, во Скопје има 194 регистрирани случаи, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26, Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19, Тетово – 13, Струмица и Крива Паланка – 11, Свети Николе – 10, Пробиштип – 9, Охрид – 7, Гевгелија и Берово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Гостивар и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 2, Делчево, Богданци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Куманово(89г,85г,71г,71г,58г и 52г), 4 починати лица од Прилеп (85г, 77г, 68г и 61г) и по едно починато лице од Кавадарци (69г) и Велес (62г). Од пријавените лица 11 се починати во болнички услови,  а само едно лице е починато дома.

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од пријавените лица, тројца се починати во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови“, истакнуваат од Министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 1.361.893 тестирања на Ковид-19, а во последните 24 часа направени се 4.151 тестирање.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539,бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292“, велат од МЗ.